30.Октомври.2019 Интервју на „КОБРА/COBRA“ со „Интернационалната Група на Златното Доба / International Golden Age Group“

30.Октомври.2019 Интервју на „КОБРА/COBRA со „Интернационалната Група на Златното Доба / International Golden Age Group

 

околу

(1) *СРЕБРЕНАТА АКТИВАЦИЈА: ИНИЦИЈАЦИЈА/АКТИВИРАЊЕ на СРЕБРЕНАТА ФРЕКВЕНЦИЈА* – на 11.11.2019 (Планетарна Медитација)

&

(2) *КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ОПШТОТО ВОЗНЕСЕНИЕ* – на 30.Ноември/01.Декември.2019 (Тајван)

со Антем Чанг (Anthem Chang)

 

 

Здраво на сите. Денес е 30.Октомври.2019. Моето име е Антем. Основач & водач сум на „Интернационалната група на Новото Доба“. Овој Ноември, 2019 – е особен за сите Светлосни работници & Светлосни воини на планетава, земајќи предвид дека овој ноември до декември, ќе имаме два големи настани: „Сребрената Активација: Иницирање/Активирање на Сребрената Фреквенција“ на 11.Ноември.2019 & „Конференцијата за Општото Вознесение на 30.Ноември-01.Декември.2019 година.Во смисла на информирање, разјаснување & промоција на овие два многу битни настани – нашиот мил пријател КОБРА, личноста за контакт со „Планетарното Движењето на Отпорот“ – ќе ги сподели со нас  неговите информации & увиди околу овие настани и Планетарниот процес на Општо Вознесение. Затоа, веднаш ги поздравувам и ги поканувам на разговор – мојот колега Патрик, и се разбира КОБРА – да започнеме со интервјуто.

<===~*~===>

 

Кобра: OK, досега добивме многу прашања за „Сребрената Активација“ & „Вознесенската Конференција“ во Тајван. А слушнавме и секакви „трачеви“ околу „Сребрената Активација“. Затоа, да се обидеме да ги одговориме сите прашања по ред…

 

【П&A/ПРАШАЊА за „Сребрената Активација“】

 

П1: Која е конкретната причина луѓето да купуваат сребро за оваа Активација, а не злато или платина?

 

Кобра: Постојат многу причини за ова. Првата причина е дека среброто има многу специфична енергија и е поврзано со енергиите на Женската Божественост, односно Божицата-Мајка. Ова е една од причините. Другата причина е што цената на среброто не е толку висока, така што повеќе луѓе можат да им се придружат на овие ископувања многу полесно на луѓето што купуваат сребро отколку да купуваат злато или платина.

 

П2: Зошто конкретно предлагате луѓето да купуват или сребрени монети или сребрени прачки/шипки?

 

Кобра: Затоа што тие, со сигурност се од чисто сребро. А има и некои други битни фреквенциски и енергетски причини во кои нема да навлегувам сега, но во основа, подобро е да се купуваат сребрени монети или сребрени прачки/шипки, отколку други предмети/украси од сребро.

 

П3: Ако некое лице купи само злато или платина за на 11-ти ноември, тогаш – дали оваа набавка/лице ќе се смета како дел од критичната маса за овој ден?

 

Кобра: НЕ.

 

П4: Значи, само сребро?

 

Кобра: Само сребро.

 

П5: Еднаш спомнавте дека минималната тежина за да се оствари „семе на изобилието“, е 3 грама. Која е минималната потребна тежина на чисто сребро за да се оствари „семе на изобилието“ при „Сребрената Активација“ на 11.Ноември?

 

Кобра: 3-5 грама минимум.

 

П6: Дали треба да се постави силна намера дека со овој чин делуваме на човечкото општество да се ослободи од финансиското должничко ропство?

 

Кобра: Да, таквата свесна намера – силно и беспоговорно ја препорачуваме, бидејќи таквата намера е базичен дел од суштината на оваа Активација…!

 

П7: Ако некое лице не знае за „Сребрената Активација“ на 11.Ноември, а тој ден случајно купи сребро од други причини, дали таквото купување ќе се смета во критичната маса за оваа Активација?

 

Кобра: Не, затоа што нема да има свесна намера позади купувањето. Всушност, има огромен број на луѓе кои секојдневно купуваат сребро. Но, без конкретната свесна намера позади купувањето – тоа нема да биде дел од Активацијата.

 

П8: За луѓето кои не се заинтересирани да собираат/складираат скапоцени метали, можеме ли да ги охрабриме да се приклучат на оваа Активација – убедувајќи ги да купат сребрени употребни предмети, како што се сребрен прибор за јадење, накит, чешли и слично?

 

Кобра: Да, се разбира. И такви предмети се во ред – сè додека се тоа предмети од чисто сребро.

 

П9: Имаме прашање од уметник кој работи со метал: „Дали можам да се придружам на оваа Активација преку купување на сребрена глина и/или индустриско сребро – и од тој материјал да направам сребрено уметничко дело на тој датум и во тоа време?“

 

Кобра: Да, тоа е одлична опција.

 

П10: За да се постигне критичната маса тој ден, дали е добро да се охрабрат сопствениците на јувелирници и други продавници за сребрени производи и сребро, односно продавачите на сребро и филигранџиите – да купат сребро/сребрени материјали на 11/11?

 

Кобра: Ова е всушност многу добра идеја затоа што така може да се соберат повеќе луѓе при Активацијата, а и количеството на сребро купена тој ден ќе биде поголема Но, во секј случај, и тие треба да бидат свесни за целта на оваа Активација. Или – барем до одреден степен…

 

П11: Според Универзалната Временска Зона, во кое време Светлосните Сили сметаат дека ќе започне акумулирањето на критичната маса на луѓе кои ќе купуваат сребро и ќе учествуваат на Активацијата?

 

Кобра: Кога планетарно, првата временска зона на Земјата календарски влегува во денот 11.Ноември (11-11).

 

П12: Кога е препорачаното почетно време за купување сребро, врз основа на Универзалната временска зона?

 

Кобра: Веднаш штом вашата временска зона календарски ќе влезе во денот 11.Ноември. Но, јас би рекол врв на Активацијата ќе биде попладнето – по UTC.

 

П13: Дали ќе биде енергетски покорисно ако се купи сребро близу или внатре во временската рамка на Транзитот на Меркур преку Сонцето?

 

Кобра: Да, се разбира.

 

П14: Значи, можеме да го насочиме времето на нашата набавка на сребро – во таа временска рамка?

 

Кобра: Да.

 

П15: Кое е крајниот рок за купување сребро?? 

 

Кобра: До полноќ на 11.Ноември – во вашата временска зона.

 

П16: Дали е во ред во ред – енергетски и фреквенциски – ако се купи сребро со кредитна картичка, крипто-валута или со позајмени пари, на 11.Ноември, 2019?

 

Кобра: Не е важно на кој начин ќе се купува среброто. Единствената работа што е потребна, е тоа среброто да стане ваша сопственост. Треба да станете сопственик на тоа сребро.

 

П17: Ако ги претворам мојата сребрена ETF, меница за сребро и слично – во физичко сребро, дали таквата трансакција ќе се брои во критичната маса за Активацијата?

 

Кобра: Да, тоа дефинитивно ќе се брои. И ги охрабрувам сите што поседуваат сребрена ЕТФ, меница за сребро и слично – да ги претворат во физичко сребро на 11.Ноември, оваа година.

 

П18: Ако купиме сребрена монета или прачка/шипка изгравирани со одредени симболи, дали таквото купување ќе биде енергетски корисно за Активацијата?

 

Кобра: Да, се разбира. Всушност, тоа е и основата на чинот на активација.

 

П19: Дали треба да се избегнува купување на сребрени монети и прачки/шипки со изгравирани ликови на одредени монарси/владетели/водачи и слично – на 11.Ноември, за време на Активацијата?

 

Кобра: Нема потреба од никакво избегнување на купување на кој и каков било вид на сребрени монети/прачки и слично на тој ден. Она што е важно – е самото сребро на монетата/прачката/итн…

 

 

П20: Што да сторам ако среброто со англиски портрет на кралицата е мојата единствена опција на 11.Ноември годинава?

 

Кобра: Да, добро, ако тоа е вашата единствена опција, секако дека треба да ги купите тие монети.

 

П21: Канадските, австралиските и новозеландските кралски сребреници/прачки вклучуваат ингравиран портрет на британската кралица. Дали ова правило има некое специфично окултно значење? На пример, дали ваквиот дизајн на Кралицата ѝ дава посебна моќ над тоа сребро или ќе ѝ овозможи каква било контрола над тоа сребро преку нејзиниот изгравиран портрет?

 

Кобра: Всушност, езотериски и окултно гледано, тоа ѝ дава контрола над сето тоа сребро. Но затоа, токму со ваквото свесно купување на сребрени предмети со тие портрети за време на оваа „Сребрена Активација“, ние всушност ја отстрануваме нејзината моќ врз тоа сребро, односно го оттргнуваме среброто од нејзината контрола. Значи, тоа е во суштина – многу добра и позитивна работа.

 

П22: Ако некој купи позлатени сребреници или сребрен накит со кристали и/или скапоцени камења, дали таквата набавка би се броела во критичната маса за оваа Активација?

 

Кобра: Не, треба да се купува чисто сребро, не сребрени украси и не сребрен накит изработен со други материјали (кристали и/или скапоцени камења, или слично).

 

П23: А позлатено чисто сребро?

 

Кобра: Не, треба да купите чисто сребро.

 

П24: За еден конкретен буџет (на пример, за сума за една унца сребро) – која од следниве две опции е подобра за оваа Активација?

  1. Една личност да купи една цела унца сребро, или
  2. Да се подели сумата со друга добро упатена и свесна личност – за потоа поединечно да се купат по половина унца?

 

Кобра: Втората опција е подобра, затоа што повеќе луѓе ќе бидат вклучени, што значи и повеќе свесност, генерирана од повеќе свести.

 

П25: Ако имам доволно сребро и за продавање на 11.Ноември, добро ли е да продадам одредени количества сребро на оние кои имаат потреба од тоа – или е подобро да го задржам сето сребро до моментот на „Финансиското ресетирање“?

 

Кобра: Можете да продадете дел од вашето сребро на оние што се свесни за овој процес – и тие ќе бидат дел од Активацијата. Но, би било уште подобро другите да купат сребро од други извори, бидејќи на тој начин – Планетарната свесна/разбудена Духовна заедница – вкупно ќе располага со многу повеќе сребро.

 

П26: Ако некој продадеодредено количество сребро на оние што сакаат да се приклучат на Активацијата со повеќе од 50% попуст на 11.Ноември – дали нивното купување ќе се вброи во критична маса?

 

Кобра: До одреден степен да.

 

П27: Ако некој има голема резерва на физичко злато или платина, и решава да размени одредено количество од нив за сребро со иста вредност, дали оваа размена ќе биде енергетски и вибрациски корисна за Активацијата?

 

Кобра: Да, и тоа – дефинитивно – ќе помогне.

 

П28: Дали среброто што го купуваме на 11.Ноември – ќе има посебно значење и енергија/фреквенција, и дали треба да го чуваме при себе некое одредено време? Или не е проблем истото да се продаде потоа?

 

Кобра: Да, секако дека тоа сребро ќе има/носи посебна енергија/фреквенција и ефект, бидејќи тоа сребро ќе ги носи енергиите и фреквенциите на оваа Активација и на „Порталот 11-11“. Но, ако се чувствувате водени одвнатре да го продадете потоа, секако дека можете.

 

П29: Една личност тврди дека луѓето ќе бидат материјално опседнати ако/откако ќе купат сребро за оваа Активација. Таа, исто така, тврди дека целото сребро на пазарот е енергетски загадено, така што луѓето треба да бидат претпазливи. Какво е вашето мислење за оваа изјава?

 

Кобра: Не, се разбира дека луѓето нема да бидат опседнати ако купат сребро. А пазарот на сребро, секако е загаден до ист степен како што се и сите други нешта на физичко/материјално ниво на оваа планета. Така што, степенот на загадување на среброто е ист со степенот на загадување и на храната што ја јадете и водата што ја пиете секој ден, па оттаму, енергетската загаденост не е ниту поголема ниту помала од што било друго. Така што, нема дополнителна опасност од купување сребро. Ако некој сака да го прочисти среброто, може да го стори тоа со ставање во чаша вода, една до две минути. Значи, апсолутно нема потреба за загриженост.

 

П30: Дали треба да бидеме загрижени за можноста „Кабалата“ да подметнува лажно сребро со цел опструкција на нашата Активација?

 

Кобра: Тука – апсолутно – „Кабалата“ нема можност да подметне лажно сребро, особено не „специјално“ за оваа Активација. Но, на пазарот секогаш има лажно сребро и лажни сребрени монети. Но, ако среброто го купувате од сигурни извори, можноста да купите лажно сребро е многу мала.

 

П31: Покрај и настрана од оваа конкретна Активација, може ли секојдневното или редовно купување на сребро да го забрза „Настанот на Просветление и Вознесение“, како и „Финансиското ресетирање“?

 

Кобра: Да, ако доволно од критичната маса на луѓе го прават тоа редовно, што не е многу веројатно.

 

П32: Значи, можеме да купуваме сребро и почесто (кој било или секој ден)?

 

Кобра: Да, ако имате внатрешен импулс за тоа…

 

П&A/Прашања за НАЧИНОТ на Медитација за време „Сребрената Активација“】

 

П1: Ќе бидеме сведоци на транзитот на Меркур преку Сонцето – на денот на активирање на „Порталот 11-11“. Дали има други езотериски и окултни значења – освен подигање, освестување и осветлување на енергиите на светскиот финансиски систем?

 

Кобра: Всушност, транзитите на Меркур преку Сонцето – се доста ретки. Секогаш кога се случуваат, носат многу силен импулс на енергија што иницира/инспирира нови идеи и ново разбирање во човековите сфери на постоење. Овој конкретен транзит е доста специфичен, затоа што Меркур ќе транзитира многу блиску до центарот на површината на Сонцето, гледано од Земјата. Така што, годинава ќе биде речиси совршено усогласување/порамнување на Сонцето, Меркур и Земјата и енергетско-фреквенциски гледано – ќе биде многу силно.

 

П2: Кога ќе започнеме со Планетарната Медитација за „Сребрена Активација“, дали можеме да го ставиме своето сребро на Олтарот – заедно со нашите кристали?

 

Кобра: Да, се разбира дека можете. 

 

П3: Дали е потребен некој посебен обред/ритуал за среброто ако & кога го ставаме со нашите кристали?

 

Кобра: Ако се чувствувате одвантре водени за такво нешто, тогаш да. Но, начинот, постапките и принципите на Планетарната Медитација за „Сребрена Активација“ – веќе јавно ги објавивме, па најдобро е да ги следите упатствата приложени таму, и да помогнете да се оствари критичната маса на луѓе за оваа Активација.

 

П4: Ако исцелителите од втор степен на „Св.Герман (Сен-Жермен) и Андромеда“ – ги употребат исцелителните фреквенции на „Зраците на Св.Герман (Сен-Жермен) и Андромеда“ – дали со тоа ќе ја засилат „Сребрената Активација“? Ако да, која цел треба да ја визуелизираат во умот?

 

Кобра: Да, секако. За оваа Активација, најефикасни се исцелителните фреквенции на „Зракот на Св.Герман (Сен-Жермен)“. А дури и исцелителите од прв степен на „Св.Герман (Сен-Жермен)“ – можат да учествуваат и топло им се советува да го употребат „Зракот на Св.Герман (Сен-Жермен)“, и тоа со многу голем фокус на „Порталот 11-11“. Оние што имаат втор степен, можат да го стават/визуелизираат целосно Процесот на „Сребрената Активација“, кога се визуелизира Процесот на исцелување.

 

П5: Дали би препорачале да ја правиме медитацијата „Божествен Вортекс на Божицата“ секој ден, до „Порталот 11-11“?

 

Кобра: Ова, всушност, е многу добра идеја и јас силно би го препорачал тоа – така, постепено, ќе се акумулира и повеќе свест и повеќе намера, како и повеќе сила за оваа Активација.

 

П6: Спомнавте дека луѓето можат да ја забрзаат манифестацијата со тоа што ќе го насочат своето внимание на моделот за визуелна асистенција. Ако сакаме да реализираме што поголем успех на „Сребрената Активација“, а исто така и на „Финансиското ресетирање“, каков модел на постапки треба да користиме?

 

Кобра: Луѓето во групи – можат да испечатат или изработат шеми/слики/мандали на „Цветот на Животот“ и да стават од среброто на секој пресек од таа Мандала. Може да се користите со тој модел при групна медитација и притоа да го визуелизирате успехот на „Сребрената Активација“ на 11.Ноември.

 

П7: Дали предлагате некоја друга алатка/протокол и/или обред/ритуал за зголемување на силата на оваа Активација?

 

Кобра: За поголемите групи учесници, може да се изработи голем (испечатен) „Цвет на Животот“ – и да се стават сребрени монети на секој пресек од таквата Мандала, како што веќе рековме. Потоа, да се визуелизира успехот на Активацијата и да се медитира во близина на таа Мандала секој ден пред 11.Ноември, до почетокот на Активацијата, за постепено да се акумулираат и зголемат енергиите за самата Активација.

 

П8: Покрај „Зраците на Абундантија, Св.Герман/Сен-Жермен и Андромеда“, кои ентитети и слично – можеме да ги повикаме и да се молиме за поддршка на оваа Активација?

 

Кобра: Може да се повикате на присуството на Божицата Лакшми, а може да вклучите и други виши светлосни ентитети со кои се чувствувате поврзани и усогласени – и тие ќе ви помогнат при ова активирање.

 

П9: Дали препорачувате да го правиме обредот/ритуалот за изобилство секој ден пред 11.Ноември, за да го засилиме ефективниот моментум на „Сребрената Активација“?

 

Кобра: Да.

 

П10: По 11.Ноември, треба ли да ја интегрираме „Сребрената Активација“ со ритуалот на изобилство за да можеме да ја засилиме и зацврстиме нашата свесна намера кон трансформација на стариот и инсталација на новиот финансиски систем?

 

Кобра: Да, ако сте така водени одвнатре, секако.

 

П11: Можеме ли да ги поканиме луѓето да се придружат кон „Сребрената Активација“ – велејќи им дека таквото нивно делување може да им донесе пари и среќа?

 

Кобра: Да. Но, кога и ако се придружат, неодминливо ќе треба да им објасните повеќе околу Активацијата, за да можат да ја разберат вистинската цел на овој чин.

 

Сребрената Енергија/Фреквенција & Употреба

 

 

П1: „Слепото Изобилство / Заслепената Абудантија“ е многу популарно лого кај сребрените монети (сребрениците) и сребрените прачки/шипки. Дали енергиите на среброто со ова лого се позитивни или негативни?

 

Кобра: Неутрални. Зависи од тоа какво значење му придавате, односно кои и какви фреквенции/енергии ќе им прикачите – како што е и за секој друг симбол.

 

 

П2: Дали тахионизираниот сребреник со логото на „Нова Атлантида“ и „Св.Герман/Сен-Жермен“ можат да имаат посебно значење при „Сребрената Активација“?

 

Кобра: Па, исто како и останатите (донекаде) специјални сребрени монети и прачки/шипки.

 

П3: Дали тахионизираното сребро има посебна предност за оваа Активација?

 

Кобра: Тахионизираното сребро е поусогласено со енергијата на „Изворот“, а е и поповрзано со примарната функција и енергија која ја донесува Божествената Женска енергија, односно енергијата на Божицата на површината на планетата – и особено во финансискиот систем.

 

П4: Како свештениците и свештеничките во времето на Атлантида го користеле среброто?

 

Кобра: Тие создаваа многу силни и моќни предмети изработени од сребро. Тие граделе и големи градби од сребро, како и портали за во други димензии.

 

П5: Среброто е метал што нè поврзува со принципот на изобилство и со енергијата на Божицата. Како можеме да го користиме среброта за да ја зајакнеме врската со Женската Божественост и со енергијата на Божицата?

 

Кобра: Најефективниот начин е да се создаде статуа на Божицата изработена од сребро, и тоа би бил директен начин за поврзување со Божицата и нејзините енергии.

 

П6: Покрај тоа што ги поврзувате изобилството и енергијата Божица, дали може да споделите со нас и некои други езотерични и окултни употреби на среброто?

 

Кобра: Всушност, во одреден период од човечката историја, среброто ја формираше основата на финансискиот систем и беше ефикасно, затоа што спречуваше големи манипулации кои денес се случуваат во финансискиот систем, особено во последните две децении. Заедно со златото, среброто беше еден од столбовите на финансиските системи на многу периоди во минатото.

 

П7: Како може да се активира енергијата на среброто за да постигнам посилна врска со него?

 

Кобра: Сè што треба, е тоа да влезете во медитација држејќи го среброто во рацете – и со тоа ќе се поврзете со неговата енергија.

 

П8: Како позитивните вонземски раси го користат среброто?

 

Кобра: Многу од позитивните вонземски раси го користат среброто за да се поврзат со енергијата на Божицата. Постојат и одредени раси кои сè уште не го достигнале највисокото ниво на технолошки развој. Тие го користат среброто како материјал за делови на некои од нивните технолошки уреди. Но, на напредните раси не им е потребно сребро за нивната технологија – за нив, среброто е благороден метал што многу попрво и повеќе се поврзува со духовноста и духовните практики, отколку со технологијата.

 

П9: Дали „Митрил“ – волшебниот метал кој наликува на сребро во фантастичната и научно-фантастичната литература – навистина постои во нашиот Универзум? Ако постои, тогаш какви својства и употреби има вистинскиот „Митрил“?

 

Кобра: Не, таков метал не постои во нашиот Универзум.

 

П10: Дали среброто, покрај останатото, претставува метал на изобилството и на другите планети? Или има такво значење само на Земјата, затоа што сме контролирани од темниот систем на финансиско должничко ропство?

 

Кобра: Благородни метали како што се златото, платината и среброто – се универзални симболи на изобилство низ целиот стих затоа што тие всушност се емисии на многу високи духовни фреквенции. Кога велам изобилство, тоа не значи само физичко изобилство, туку и духовно изобилство.

 

Останати прашања за Среброто

 

П1: Кина некогаш поседуваше речиси половина од светските резерви на сребро – за време на Династијата Минг, на пример. Дали во тоа време – тоа бил некој план на Светлосните сили да акумулираат сребро?

 

Кобра: Всушност, времето на Династијата Минг беше „златното доба на Кина“, односно врвот на кинеската култура. И високата концентрација/акумулација на сребро за време на Династијата Минг беше еден од основните услови за постоењето на една таква висока култура. И езотериски и окултно гледано, тоа беше една од причините зошто Династијата Минг беше толку успешна додека постоеше.

 

П2: Во древната кинеска литература се споменува дека среброто некогаш било поскапо од златото. Дали знаете што ги предизвика промените на вредноста на среброто и златото?

 

Кобра: Всушност, на повеќето локации на планетата, среброто беше поевтино од златото. Оттаму, во одредени области на Кина, особено таму каде среброто го имало повеќе од златото, во одредени периоди на кинеската историја, среброто се сметало за побожествено и повозвишено од златото. Но, јас би рекол дека, барем што се однесува на последното доба, цената на среброто е дури драматично задушена/потисната (најверојатно поради патријархалната доминантна свест) во однос на цената на златото. Соодносот на цената на златото/среброто денес е можеби околу 1:80, а всушност треба да биде 1:16. Јас би рекол дека цената на среброто е задушена петпати повеќе од златото. Среброто не е толку вообичаено колку што може да се претпостави врз основа на неговата цена.

 

П3: Дали е можно цената на среброто да порасне повеќе од 50 пати по „Настанот“?

 

Кобра: Можно е, но не е многу веројатно дека ќе порасне до толку многу. По „Настанот“, цената на среброто драстично ќе се зголеми. Но, 50 пати, според мое мислење, е малку претерано.

 

П&A/Прашања за Тајванската Конференција

 

П1: Дали има некое посебно енергетско значење на датумот на оваа Конференција?

 

Кобра: Датумот на оваа Конференција е избран врз основа на планетарната состојба и оптималниот „тајминг & контекст“ во однос на истата, потоа според сите тајни и задкулисни процеси кои не се за јавна презентација во моментов, како и според подготвеноста на Човештвото да ги прими (во онаква мера колку што е подготвено) најновите информации за ситуацијата кои треба да бидат објавени таму.

 

П2: Оваа Конференција ќе биде седма во Тајван. Кое е посебното значење на оваа конференција?

 

Кобра: Конференцијата ќе има голем фокус врз „Финансиското ресетирање“ и врз новиот финансиски систем, за кој што ќе имаме доста нови информации. Исто така, ќе бидат дадени и подетални објаснувања околу „Примарната Аномалија“, за „Топлет-бомбите“ – така што луѓето навистина да можат да разберат што се случува зад сцената. Луѓето навистина би разбрале зошто „Настанот“ сè уште не се случил и ќе разберат кои услови навистина треба да се исполнат – за да се случи „Настанот на Општо Просветление & Вознесение“, како и да добијат некои практични технички „клучеви“ за тоа како можат да придонесат кон забрзување на овие процеси.

 

П3: Зошто имаме толку многу конференции во Тајван?

 

Кобра: Тајван е многу посебно место на површината на Земјата. Јас би рекол дека Тајван е централна точка на најмасовната концентрација на човештвото, место кое е најнаселеното подрачје на планетата. Втората причина е тоа – дека Тајван е остров со многу силен вител на енергија. Третата причина е тоа што, од крајот на династијата Минг па до почетокот на династијата Кинг/Чинг, многу семејства од Змејските Ложи избегале од копнена Кина – и се населиле на Тајван. И тие се и ден-денес присутни во Тајван. Значи, оваа „змејска“ енергија им дава огромна поддршка на нашите конференции. Ова е всушност и причината зошто толку често ги одржуваме нашите Конференции таму. Тоа е местото едно од најпозитивните места со толку силна „змејска“ поддршка на сета планета.

 

П4: Дали темата на оваа Конференција имплицира дека човештвото ќе може да влезе во Новото Доба и новото општествено уредување, како и да го направи Првиот Контакт со беневолентните вонземски раси – во некој пократок временски рок?

 

Кобра: Да, има некои промени и во овие области. Не можам да коментирам околу датумите и временските рамки, но би рекол дека планот тековно се подобрува и се прилагодува на состојбата – цело време.

 

П5: Какви видови на нови тахионизирани производи можеме да очекуваме да видиме за време на Конференцијата?

 

Кобра: Тоа ќе биде изненадување. Подготвени се некои нешта. Тие ќе бидат високо усогласени со сегашниот контекст и состојба. Тоа ќе биде многу интересно изненадување за оние што ќе учествуваат. Ова ќе биде првпат јавно да се објават и презентираат одредени производи.

 

П6: Многумина сметаа дека минатогодишната “Вознесенска Конференција“ во Тајван беше последната Конференција пред „Настанот“. Некои луѓе може да се чувствуваат и разочарани бидејќи еве, ќе има уште една Конференција сега. Дали сакате да кажете неколку охрабрувачки зборови за сите учесници на оваа Конференција?

 

Кобра: Не сакам да давам никакви лажни надежи и празни очекувања – и онака никогаш не беше јавно објавено дека последната Конференција ќе биде последна пред „Настанот“ – затоа што времето на „Настанот“ никому не му е познато. Ситуацијата е постојано променлива и флуидна, но во добра насока. Но, секојпат кога ќе одржиме Конференција како оваа, создаваме голем притисок и импулс кон конечното ослободување. Треба да ги гледаме работите од една малку подолгорочна перспектива. Секоја од овие Конференции се важен чекор кон големата цел. Кога „Настанот“ ќе се случи – и кога секој од нас ќе погледне назад во своите сеќавања за секој од овие чекори, ќе знаеме дека вредеше.

 

П7: Покрај отворен ум, за што треба учесниците на Конференцијата да се подготват однапред?

 

Кобра: Отворениот ум е главниот услов и подготовка. Сè друго само ќе си падне на своето место.

 

П8: Ако разговараме за „Пробивот“ во неделата наутро, дали треба да се подготвиме со нешто за оваа сесија?

 

Кобра: Не, не е потребна никаква посебна подготовка.

 

П9: Дали Светлинските сили и Вишите духовни мултидимензионални ентитети и раси, како што се Плејаѓаните, Командата Аштар, Вознесените Мајстори, Движењето на Отпорот и Централната Космичка Раса – посветуваат доволно големо внимание кон нашата „Вознесенска Конференција“ во Тајван?

 

Кобра: Да, се разбира. На секоја Конференција, тие секогаш енергично ги подготвуваат работите. Енергијата се креира, акумулира и гради постепено – и исто така, сите тие ќе бидат присутни на Конференцијата.

 

Кобра: Најнакрај – многу Ви Благодарам. Се надевам дека луѓето ќе ни се придружат во што поголем број за време на оваа Планетарна Активација и дека ќе успееме да ја постигнеме *критичната маса* на учесници за настанот, и со тоа ќе се доближиме уште еден чекор поблиску до „НАСТАНОТ на Општото Просветление & Вознесение“… Победа на Светлината…!!!

 

<===~*~===>

 

https: //www.golden-ages.org/2019/10/30/Кобра-interview-by-international-golden-age-group-on-silver-trigger-activation-taipei-ascension-conference